Глигорова: Кажете им на извршителите, законот за застарување е во сила!

Сподели

 

“10.01.2024 година Уставен суд. Со одлуката да се отфрлат иницијативите на Комора на извршители, Адвокатска комора, ЕВН, Телеком, итн, да не поведе постапка за разгледување на измените во ЗОО донесени во јули 2023 година, а во контекст на застареноста на побарувањата и висината на казнената камата се испиша историја. Дискусијата на судиите издржана, со факти, анализа, покажа дека правдата е во таа просторија, и дека е на страната на народот, на сите луѓе кои живеат во Македонија,” напиша активистката Ана Глигорова.

“Претседателката на Уставен суд Кацарска го покажа своето знаење на правото. Со гласањето да се отфрлат иницијативите веќе имаме простор да се повикаме на застареност и на уште посилна борба против неправдата која со тешка болка ја трпиме во агонија преплатувајќи прастари долгови, измислени, заокружени пари. Топол ветер во грб за да се избориме за правда до крај. Борбата продолжува!

 

 

Ајде сега извршители, Уставен правилна одлука донесе, не ги прифати иницијативите на адвокатска комора, извршна комара,…за поништување на законот кој беше донесен летоска, за застареност на побарувањата. Законот за застарување е во сила, кажете им на извршителите!,” изјави Глигорова, по одлуката на Уставниот суд за застарување на извршителските долгови.