Вести Македонија Топ теми Ударни вести

ГОБ „8 Септември“ со долг од 5 милиони евра

Сподели:

Директорот на “8 Септември” Христијан Костов, информира во каква состојба e болницата во моментот на  неговото доаѓање.

Тој наследил долг од околу 5 милиони евра или близу 243 милиони денари кои се само долгови кон фирми, а останатите долгови се за неплатена струја и останати режиски трошоци.

Во општата болница „8 Септември“, салите за операција не се реновирани уште од 1971 година. Во најлоша состојба е одделението за интензивна нега и реанимација, вели в.д директорот, Христијан Костов.

Со годишен буџет од 1.3 милиони евра, според него, болницата не може да го покрие долгот кој го наследил во висина од пет милиони евра. Во првата седмица како директор, Костов излезе со две барања за оваа здравствена установа.

Како приоритети Костов издвои: целосно реновирање и опремување на операционите сали и реактивирање на  хелиодромот за итен транспорт на пациенти од сите локации во Македонија и во секое време. Хелиодроми би требало да има барем на уште две локации во земјава за итен транспорт со хеликоптер.

“Работните групи во Министерството за здравство, се запознаени со долговите на сите јавни здравствени институции и заедно со директорите, работиме во изнаоѓање на конструктивни решенија за проблемот за долговите“, велат од министерството.

 

Сподели: