Урбана акција „Сончев систем“ на крајбрежјето на Дојранско Езеро

Сподели

Новата урбана акција „Сончев систем“ е осмислена, креирана и направена за обогатување и креативно интервенирање на просторот на Дојранското крајбрежје.

Акцијата е дел од акциите на Центарот за современи уметности, од група урбани уметнички акции наменети за оплеменување на јавните простори и збогатување на амбиентално пејзажните вредности на малите места и малите општини низ Македонија.
Урбаната акција е дел од проектот Креативни заедници на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Акцијата претставува просторна интервенција со димензии 9 на 5 метри, во која се поставени модели на сите 8 планети од сончевиот систем и сонцето. Планетите се правени реалистично, а нивните големини се во сооднос со нивната големина во однос на сонцето. Едновремено за зајакнување на едукативниот дел на оваа инсталација покрај секоја планета ставени се таблички со основни податоци за планетата“, велат авторите на акцијата.