Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата

Сподели

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на Ју-ес опен и ја освои 24. Грен слем титула во кариерата. Ѓоковиќ во извореден меч го победи Данил Медведев со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3). Финалето во Њујорк траеше три часа и 17 минути.

Ѓоковиќ, исто така се врати на првото место на АТП листата. Тој ја започна 390.недела како светски број 1. Српскиот тенисер го израмни и апсолутниот рекорд на Маргарет Корт од 24 Грен слем титули.

Откако го освои последниот поен, емотивниот Ѓоковиќ се сети и на својот голем пријател, Коби Брајант кој трагично загина во хеликоптерска несреќа.

По освојувањето на титулата, Ѓоковиќ извади маица со бројот 24 и порака: „Мамба, засекогаш“. Бројот 24, Брајант го носеше во еден дел од својата кариера во ЛА Лејкерс.

 
 

 

Рускиот тенисер Медведев. беше во чудо по мечот и воодушевен од тоа што го прави српскиот ас.

 

 

Сакам да го прашам Новак: Кога планираш да успориш човеку? Имам еден Грен слем, ти веќе имаш 24. Секоја чест за тебе и твојот тим – истакна Данил.

Ѓоковиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали сега важи за еден од најдобрите спортисти на сите времиња, рече дека тоа треба да го проценат луѓето.

 

 

 

„Тоа оставам на вас и на сите други, без разлика дали сум бил или не сум заслужил да бидам дел од таа дискусија. Факт е едно, да не бев од Србија, пред многу години ќе бев издигнат на небо на спортски план, особено во западниот свет. Но добро, тоа е дел од мојот животен пат, благодарен сум што дојдов од Србија, ми дава верба и надеж, затоа се што постигнувам е уште послатко и уште повеќе ме исполнува, а вие пишувајте што мислите“ – изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата по натпреварот.