Аудиција за нови членови на Поточиња

Сподели

 

Од 11 до 14 септември 2023 година, во ООУ Блаже Конески“, кое се наоѓа во населба Аеродром ќе се одржи Аудиција за прием на нови членови – учесници на новото издание Поточиња 2024″. Нашите нови Поточиња треба да се подготват и да отпеат една омилена песна по избор и притоа да донесат широка насмевка.

 

 

Како што е напоменато Аудицијата ќе се одржи во горенаведените четири денови во период од 18:00 до 19:00 часот во ООУ Блаже Конески (нас. Аеродром) додека пак самото пријавување се извршува на лице место. Аудицијата е за деца од 5 до 10 години.

 

 

Додека нашите нови Поточиња се подготвуваат за долгоочекуваната аудиција погледнете го нашиот мал потсетник за тоа како изгледаше нашето последно јубилејно 20.издание низ слики и видео запис. Дојдете и Вие и бидете дел од најубавата детска музичка приказна.