Голем пожар во кинескиот трговски центар во Белград

Сподели

 

Во Кинескиот трговски центар во Белград, утрово избувнал голем пожар, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, во пожарот нема повредени лица или загинати лица.

 

 

Од трговскиот центар се слушаат експлозии, пожарникарите се обидуваат да ги убедат луѓето да не влегуваат внатре, а полицијата ги евакуира сите што се наоѓаат во близина на Кинескиот трговски центар поради експлодирањето на плинските боци што ги има во самата зграда.

 

Во спасувачката мисија учествуваат повеќе од 60 пожарникари и три хеликоптери.