Алтернатива Вести Македонија Настани Ударни вести

Голема крводарителска акција во просториите на Град Скопје

Сподели:

 

Голем број граѓани, меѓу кои и вработени во градската администрација, вчера ја покажаа својата хуманост и солидарност, и даруваа крв во крводарителската акција што се одржа во просториите на Град Скопје. 

 

 

Крвта е секојдневно потребна за да се спасат и да се продолжат многу животи, а во тоа помагаат хуманите граѓани – крводарители кои се вклучуваат во овие акции и несебично даруваат крв.

Оваа акција се реализираше во соработка со Црвениот крст.

Сподели: