Големо невреме во Македонија

Сподели

 

Силен дожд проследен со ветар и грмотевици и со град денеска зафати делови од земјава, поплавувајќи улици, а во Скопје делови од градот останаа без струја повеќе од еден час.

 

 

Како што соопштија од Центарот за управување со кризи превентивената препорака, односно апелот до граѓаните за внимателност заради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд – се уште постои.

 

 
“Денеска уште од претпладневните часови има нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија. Од појави се забележани пороен дожд, интензивни електрични празнења, како и појава на град во Полошко, известија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
 
Информациите зборуваат дека, покрај силен и голем град што паднал во Лозово, во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, а и подрумите и приземјата на повеќе куќи. Регионалниот центар за управувањесо кризи РЦУК Тетово со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен конткт со грдоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово. Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Во моментов дел од нестабилната облачна маса ги зафаќа и западните делови од Скопската Котлина, каде што, исто така, се очекува пороен дожд и грмежи, а краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.
 
До крајот на денот нестабилно ќе биде во поголем дел од земјава, наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер и појава на град.
 
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), повторно превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати обилниот локален дожд што се предвидува да падне во делови од земјава. Во населените места се препорачува внимателност при движење покрај висококатници, од коишто заради силен локален ветер е можно да паднат работи од зградите и делови од нивата контрукција, прозорци и покриви.
 
Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник се очекува да се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.”