Гордана Силјановска Давкова: И тука нема да запреме. Македонија се наоѓа на пресвртница

Сподели

Кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска Давкова преку „Фејсбук“ им се заблагодари на сите граѓани за поддршката во првиот круг на претседателските избори и порача дека Македонија се наоѓа на пресвртница: или ќе се избориме за демократија и владеење на правото или ќе попуштиме пред оние кои не избираат средства за присвојување на сета власт.

-“Од сѐ срце ви благодарам за сета поддршка во првиот круг на изборите. Ве имаше во голем број во сите делови на земјата, од сите етнички и верски групи. Се обединивме поради потребата од право и правда, во знак на отпор кон неправдата и беззаконието.

И тука нема да запреме.Македонија се наоѓа на пресвртница: или ќе се избориме за демократија и владеење на правото или ќе попуштиме пред оние кои не избираат средства за присвојување на сета власт во авторитарна, Северна Македонија. 

Македонија за која ние се бориме е демократска и со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за заедничката иднина. 

Во наредниот период ни преостанува да зачекориме сложно. Обратете им се на вашите најблиски, роднини, пријатели или колеги кои можеби не сме успеале да ги убедиле да излезат и да гласаат вчера, тоа да го направат на 5-ти мај. 

Да дадеме се од себе. И ние и вие. Јас верувам во вас и во Македонија. Победата на 5 мај ѝ ја должиме на Македонија. Тогаш победнички ќе запееме: „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата!“
И правда за Македонија! Татковината не повикува!” – напиша Гордана Силјановска Давкова.