Ѓорѓиевски на средба со бордот на директори од ЕБОР

Сподели:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со делегацијата на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, со цел  продлабочување на соработката за реализација на стратешките инвестиции што му се потребни на нашиот град. На средбата се разговараше за неколку стратешки проекти кои Градот Скопје ги реализира со поддршка на ЕБОР, како проектот за воведување Брз автобуски превоз (БРТ) и проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Трубарево.

“Денес остварив средба со делегацијата на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, со цел да ја продлабочиме соработката за реализација на стратешките инвестиции што му се потребни на нашиот град. Мојата определба е цврста. Секој проект мора да решава вистински проблем, а секоја инвестиција да носи конкретна придобивка за скопјани. Посебен акцент ставивме на Брзиот автобуски превоз – БРТ”, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде, дека веќе е започната постапката за претквалификација на изведувачи за Линија 1, а паралелно продолжуваат активностите за обезбедување стручна поддршка за реализација на проектот.

“Разговаравме и за пречистителната станица за отпадни води во Трубарево, инвестиција од огромно значење за заштитата на водите, животната средина и здравјето на граѓаните. Ја потврдив и определбата за понатамошна соработка во модернизацијата на инфраструктурата, енергетската ефикасност и реализацијата на Зелениот акциски план за Скопје”, додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.

Нашиот успех мора да се чувствува во секојдневието на скопјани!

За Скопје што оди напред.

За град на кој повторно ќе бидеме горди!

🫡 Искрена благодарност до делегацијата, раководството и тимот на ЕБОР за посетата, долгогодишната поддршка и конструктивната соработка.

Заедно продолжуваме да работиме на проекти што ќе остават трајна вредност за Скопје и неговите граѓани!

Сподели: