Државна награда „23 Октомври“ 2026, за Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ-Адамс

Сподели:

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес  на Република Северна Македонија.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на актерот Ѓорѓи Јолевски, додека награда за остварување во областа на науката, наградата им се доделува на проф. д-р Стојко Стојков, историчар и на проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, археолог.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2026 година (петок) во 11 часот, во Собранието на Република Северна  Македонија.

Сподели: