Гостивар со бесплатен интернет на јавни места

Сподели:

Гостивар е една од избраните општини на повикот WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива која ќе донесе бесплатен и брз интернет во јавните простори, информираат од Општината.

“Нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат полесно, побрзо и без трошоци, придобивајќи од оваа иновација која ја зајакнува нашата врска со дигиталниот свет.

Оваа иницијатива се спроведува преку програмата EU4Digital Action, која е поддржана од Европската Унија и Германското сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), а ја имплементира Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ)”, велат од Општина Гостивар.

Сподели: