Вести Изјави Македонија Ударни вести

Нуредини: Имаме прифатлива понуда за изградба и менаџирање на ХЕЦ Чебрене

Сподели:

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа прес конференција за напредокот на постапката за доделување на концесија за користење на водите на Црна Река за изградба на хидроцентрали. Имено денес до 11 часот беше крајниот рок за доставување и отворање на понудите за изградба и менаџирање на ХЕЦ Чебрен во јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ, проект за кој постапката е започната на 17 јануари 2020 година со донесување на Одлука на Владата.

Согласно записникот на Комисијата пристигнати се понуди од две компании, од Конзорциумот ППЦ и Чиродрон Гроуп од Грција и од ЕДФ од Франција.  

Согласно записникот има две понуди – од кои е констатирано дека понудата на грчкиот Конзорциум е прифатлива, а понудата на француската компанија ЕДФ е не обврзувачка понуда и не е доставена бараната банкарска гаранција- информираше Нуредини.

Ова е историски ден за енергетскиот сектор. Сакам да истакнам дека во целиот процес ние како Влада бевме максимално посветени овој проект да успее, по 13 неуспешни обиди за 20 години. Затоа добро ги проектиравме условите и имавме слух за потребите на апликантите. Ова е постапка во вистинско време и како држава сме подготвени за успешна реализација на овој проект. Овие хидроцентрали ќе даваат билансна енергија, а проектот ќе се изведува како јавно-приватно партнерство, при што јавниот партнер ќе биде АД ЕСМ- истакна Нуредини.   

По периодот на евалуација кој трае 60 дена се очекува потпишување на Договор што треба да се случи до крајот на првата половина од 2023г. Првото производство на електрична енергија е проектирано да започне во 2028-2029г. Системот хидроцентрали на Црна Река треба да произведува билансна енергија од најмалку 333 мегавати и ќе претставува база на домашната енергетска мрежа.

„Обврските во делот на инвестирањето целосно се на товар на приватниот оператор“ информираше Нуредини.

Сподели: