Вести Македонија Ударни вести

Град Скопје: Бројчаници на семафорите и враќање на зелениот бран

Сподели:

 

Едно од ветувањата во предизборната кампања за локалните избори на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска беше поставувањето на бројчаници на семафорите, на крстосниците каде не се следи движењето од ЦУКС. Покрај поставувањето на бројчаниците, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје.

Градоначалничката Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе постави бројчаници на семафорите на крстосници во Скопје, на кои не следи движење ЦУКС, и ветувањето го исполни. 

Поставени се бројчаници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош на семафорот на крстосницата со Натанаил Кучевишки, на крстосницата со Боца Иванова и на крстосницата со бул. Босна Херцеговина, а истите ќе бидат поставени дополнително и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање.

Сподели: