Груби – Ќучук: Меѓуинституционална соработка во образованието и културата

Сподели

 

Првиот вицеприемиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби придружуван од пратеникот во Европскиот парламент г. Илхан Кјучук и градоначалникот на општина Чаир г. Висар Ганиу го посети О.У. „Исмаил Ќемали“.

Целта на оваа посета е продлабочување на соработката меѓу две училишта „Исмаил Ќемали“ во Чаир и „Емилијан Станев“ во Велико Трново.

 

 

„Ви благодарам многу што дојдовте и одговоривте на поканата да бидете дел од оваа посета со европратеникот г. Ќучук, во соработка со градоначалникот на Чаир, г. Висар Ганиу, пратеничката и директорката на училиштето „Исмаил Ќемали“ и сите гости овде. Неколку недели по посетата на европратеникот, го посетуваме ова училиште за да воспоставиме соработка со друго училиште во Република Бугарија во знак на солидарност по трагичната несреќа што се случи со автобусот кој се враќаше од Турција за Република Северна Македонија. Сега оваа соработка станува реалност во соработка со Европскиот парламент и г. Ќучук заедно со г. Ганиу кој е тука да ја официјализира оваа соработка меѓу двете училишта под официјална поддршка на Европскиот парламент и многу сум задоволен што денеска ја одбележуваме оваа меѓуинституционална соработка меѓу нашите две училишта“, рече првиот вицепремиер Груби.

Европратеникот Ќучук истакна дека заедно прават проекти во областа на образованието и културата.

„Се сретнавме овде пред неколку недели на многу тажен ден, но денеска повторно се среќаваме во порелаксирана атмосфера. Целта е преку училиштата да направиме еден конкретен проект, помеѓу училиштата во Велико Трново и во Чаир. Проектот ќе се заснова на тоа учениците да видат како се одвива учењето во Бугарија и Северна Македонија врз основа на европската перспектива. Значи, јас сум тука со градоначалници и пратеници и идејата е да направиме што повеќе активности во областа на образованието и културата со решавање на најтешките проблеми бидејќи сум голем оптимист дека двата народа треба подобро да се познаваат“ истакна европратеникот Ќучук.

 

Градоначалникот на Чаир Ганиу потенцијараше дека сака ова да биде добар чекор општините во иднина да воспостават уште поплодна соработка.

„Оваа иницијатива што ја започнавме пред неколку недели, денеска ги правиме првите чекори и ја официјализираме. Драго ми е што европратеникот го познава регионот и со ова училиште ќе воспоставиме подобра соработка во иднина. Сакам тоа да биде добар чекор и во иднина нашите општини да воспостават поплодна соработка со тамошните општини“, нагласи градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

На оваа средба присуствуваа и директорите на училиштата Бурбуќе Имери и Антоанета Палангурска, кои изразија подготвеност за реализација на различни проекти со учениците.

 

 

„Имаме идеја да продолжиме во различни области и мислиме да направиме посети со ученици за да видиме како се реализираат часовите, имам многу добро искуство бидејќи ученици од Република Северна Македонија учествувале во различни проекти и мислам дека тие се подготвени за соработка за европска перспектива“, нагласи директорката на училиштето „Емилијан Станев“, г. Антоанета Палангурска.

Мислам дека ќе биде добро искуство на размена на мислења, различни проекти меѓу двете училишта, исткна и директорката Имери.

„Со големо задоволство прифатив да имам соработка со Република Бугарија откако ни се случи трагедија со нашите ученици кои таму ги изгубија животите. Разговаравме и мислиме дека тоа ќе биде добро искуство на размена на мислења, различни проекти меѓу двете училишта“, изјави директорката на училиштето „Исмаил Ќемали“, г. Бурбуќе Имери.