АО Финале: Што е помало зло за Новак? Било кој да победи го остава зад себе!

Сподели

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во случај на победа ќе стане рекордер по бројот на освоени гренслем трофеи вкупно 21.

Тој би имал еден повеќе од Новак Џоковиќ и Роџер Федерер. Новак лесно и брзо може да ја достигне и надмине, доколку можностите, се разбира, дозволуваат.

Со победа на Медведев на Австралија опен, Новак Џоковиќ ќе го загуби првото место на АТП листата.

Како минаа досега дуелите на Надал и Медведев? Тие двајца се сретнале вкупно четири пати.

Ги одиграа најголем дел од натпреварите во текот на 2019 година и повторно се сретнаа во 2020 година.

Првиот меч Надал го доби убедливо со 6:3 и 6:0 на Мастерсот во Канада, а набргу потоа се сретнаа и на УС Опен. Таму Надал веќе имаше многу потешка работа, Медведев пружи силен отпор, а победата му припадна на шпанскиот тенисер со 7:5 6:3 5:7 4:6 6:4 по речиси 5 часа битка.

Истата година се сретнаа на завршниот Мастерс во Лондон, повторно се водеше неизвесна и драматична борба, а Надал успеа повторно да триумфира, овојпат со 6:7, 6:3, 7:6.

Реваншот Медведев го чекаше една година, до завршниот Мастерс во 2020 година, кога Русинот со пресврт славеше со 3:6, 7:6, 6:3.

Така, освен тој прв меч кога Надал лесно славеше, двајцата одиграа многу возбудливи дуели и целосно неизвесни, па реално е да се очекува такво нешто во финалето на Австралија опен 2022.

Подгответе се за маратонска борба која започнува утре од 09.30 часот по македонско време!

The post АО Финале: Што е помало зло за Новак? Било кој да победи го остава зад себе! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico