Вести Македонија Ударни вести

Град Скопје ги реконструира спортските терени на паркот во Сарај

Сподели:

 

На барање на граѓаните а во насока на подобрување на условите и квалитетиот на живот, Градот Скопје ги реконструира шесте спортски терени кои се во рамки на паркот во Сарај. Истото ќе се реализираа преку воспоставување на договор за меѓуопштинска соработка со Општина Сарај, а оваа одлука ќе биде дел од следната Седница на Советот на Град Скопје. 
 
– Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети, и истиот ќе се реализира по налог на Град Скопје од страна на јавното претпријатие „Улици и Патишта“ со цел да овозможи за граѓаните кои го посетуваат паркот во Сарај да можат да се рекреираат на целосно реконструирани спортски игралишта. Реконструкција на спортските терени во паркот во Сарај е барање на граѓаните скоро цела деценија и конечно се реализираат проектите кои ги истакнуваат како значајни за повисок квалитет на живот – изјави на денешната прес конференција градоначалничката Арсовска. 
 
Со овој проект ќе се врати сјајот на едно од најстарите излетнички места во Скопје, кој е изграден во далечната 1948 година и се простира на површина од 240.000 квадратни метри.
Сподели: