Град Скопје го одбележи Јубилејот “70 години МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ”

Сподели

 

https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/197353151650362/

 

Голема е радоста да се биде Градоначалник во период кога се одбележуваат големи јубилеи. Jа имам честа да ја отворам изложбата по повод 70-годишнината од основањето на Музејот на град Скопје.
На вакви јубилеи убаво е да се потсетиме на почетоците на музејот и на личностите кои се втемелиле во неговата изградба. Па така, тогашниот Градски народен одбор на Скопје го основал Народниот музеј на град Скопје, а за прв директор била назначена археологот Блага Алексова. Тука би сакал да ги споменам и да им оддадам почит и на Димче Коцо, Борис Чипан, Душанка Вуковиќ, Томо Томоски, Лазар Личеноски, Рада Поленаковиќ, Кузман Георгиевски, како и на сите сегашни и поранешни вработени во музејот кои го вложија сето свое знаење во градењето на оваа институција.

 

И токму тука, и официјално сакам да го најавам решавањето на еден горлив проблем: од крајот на март ќе започне големата реконструкција на Музејот, вредна безмалку 1 милион евра. На крајот од годинава, очекувам да добиеме музејска зграда по сите светски стандарди.

 

 

Сакам да ви ги искажам моите честитки за големиот јубилеј и моите желби за нови успеси и достигнувања во иднина. Музејот секогаш ќе ја има мојата поддршка и поддршката на Град Скопје.

 

 

Во првата изложбена сала преку видео проекција во 3-Д мапинг технологија беа претставени активности и настани за музејската работа во изминатите 70 години поделена на декади. Во втората изложбена сала е претставен дел од збирката на плакати за изложби од изминатиот период од работењето на музејот. Во третата сала е поставена изложба на која е претставен дел од најзначајните експонати од збирките на Музејот, уметнички дела и преглед на најзначајните настани, како: изложби, археолошки ископувања и истражувања, промоции и презентации.