Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Филипче: Вакцинацијата во Скопје ќе се одвива во сите поликлиники, направен е оперативен план

Сподели:

 

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите при посетата на Здравствениот дом во Скопје истакна дека е направен оперативен план за процесот на вакцинација, согласно бројот на вакцини кои ќе бидат на располагање, како и приоритетните групи според кои ќе се спроведува имунизацијата.
 
 
 
 
„Денеска разговаравме за тоа како ќе бидат организирани пунктовите за вакцинација во Здравствениот дом во Скопје – во поликлиниките во Ченто, Букурешт, Јане Сандански во две смени. По една смена ќе работат пунктовите во поликлиниките Ѓорче Петров, Млин Балкан и сите 7 поликлиниките ќе бидат активни. Капацитетот за вакцинирање во скопските поликлиники на ден изнесува 880 лица и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје“, потенцираше министерот Филипче.
 
Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови.
 
„Вакцинацијата во другите градови ќе се спроведува во вакциналните пунктови, по примерот на вакцинацијата за сезонски грип. Сега ги утврдивме местата, како и лекарите, медицинските сестри, искусните тимови, коишто ќе работат со системот на вакцинација и специјализантите кои ќе бидат во еден дел повлечени од специјализација од Клиниката за детки болести, за што исто така е направен распоред. Понатаму, местата кадешто тука ќе се чуваат вакцините, во фрижидерите на температура за вакцините од Кина од 3 до 8 степени и веќе спремен еден фрижидер на температура од -70 степени. Во оној момент кога ќе стигнат вакцините може практично да започне процесот на вакцинација“, рече министерот Филипче.
 
Во изјавата за медиуми, Филипче информираше дека овие денови правната служба интензивно разговара за транспортот и посочи дека за кратко време ќе се знае и точниот датум на испорака на вакцините во нашата земја.
 
 
 
 
Директорот на Здравствениот дом во Скопје д-р Виктор Исјановски рече дека работното време во трите поголеми поликлиники Букурешт, Јане Сандански и Чаир ќе биде во периодот од 08:00 до 20:00 часот.
 
„Оние деца коишто се претшколска или школска возраст ќе бидат упатувани од сабајле во Поликлиниката Ѓорче Петров или пак ќе бидат упатувани во амбулантата во Карпош, за да не бидат децата загрозени и тој тип на имунизација да продолжи и понатаму. Останатите 4 поликлиники ќе работат во попладневните часови, со капацитетите со кои располагаме. Мислам дека 22 позиции се доволни во овој момент да опфатиме. Мислам дека со тек на време ќе може терминот од 10 минути да го намалиме на 5 минути за вакцинацијата да оди побрзо“, изјави д-р Исјановски.
 
 
Сподели: