Градот Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот.
Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје.
Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и третата фаза од авионската дезинсекција.
Во наредниот период се предвидени уште две фази од дезинсекцијата, кои ќе опфатат авионско и теренско прскање, со цел обезбедување целосна и ефикасна заштита на подрачјето на градот Скопје.
фото Град Скопје


