Централното собрание на ВЛЕН ја одржа првата седница по формирањето на партијата

Сподели:

Централното собрание на ВЛЕН ја одржа првата седница по формирањето на партијата. На седницата се разговараше за актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период, како и за натамошното јакнење на партиската организација.

Една од темите на дискусија беше и реконструкцијата на Владата. Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните.

Централното собрание направи и анализа на досегашната работа на ВЛЕН. Се разговараше за постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочува партијата и приоритетите за периодот што следува, со акцент на координацијата на структурите, активностите на терен и континуираната комуникација со јавноста.

Значаен дел од седницата беше посветен и на консолидацијата на ограноците и зајакнувањето на партиската структура во сите средини. ВЛЕН оценува дека силната организација на терен е предуслов за поквалитетно претставување на граѓаните, како и за побрзо препознавање и адресирање на нивните потреби, информираат од ВЛЕН.

Сподели: