Град Скопје: Најголем раст во комуналниот сектор во буџетот за 2020

Сподели

 

 

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изработен согласно со законските одредби и Буџетскиот циркулар – Насоки за подготовка на буџетите на единиците на локалната самоуправа за 2020 година на Министерството за финансии.

Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година се предлага износ од 7,3 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минати години, во износ од  875.668.000 денари.

Споредено со 2019 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2020 година, се зголемува за 12%.

Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изготвен врз основа на начелата на економично и рационално трошење на буџетските средства, зголемување на фискалната одговорност, отчетност и транспарентност. Планирањето на средствата преку дефинираните програми придонесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи, како и нивно рационално користење.

Најголемо зголемување на планираните средства во новиот Предлог-буџет на Град Скопје има во Секторот за комунални работи каде што средствата  за 2020 се зголемени за 72% во однос на 2019 година.

Планираните приходи и други приливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории се прикажани во табелата подолу, како и поединечното учество на секоја категорија на приходи и други приливи во вкупниот буџет.

 

Табела 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИе прикажано во табела 2, како што следи, при што значајно се зголемени вкупните капитални расходи во споредба со планираните во 2019 година:

 

 

Планираните расходи и други одливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории на расходи е прикажано во табела 2, како што следи, при што значајно се зголемени вкупните капитални расходи во споредба со планираните во 2019 година:

Табела 2: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2020 година се наведени подолу во табелата.

Додека пак во прикажаниот графикон е претставена споредбата на  буџетот на Град Скопје за 2020 година во однос на 2019 година.

 

Табела 3: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2020 год – ПОЕДИНЕЧНИ БУЏЕТИрафикон 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 


Додека пак во прикажаниот графикон е претставена споредбата на  буџетот на Град Скопје за 2020 година во однос на 2019 година.

 


Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2020 година се наведени подолу во табелата.

Додека пак во прикажаниот графикон е претставена споредбата на  буџетот на Град Скопје за 2020 година во однос на 2019 година.