Вести Македонија Став Топ теми Ударни вести

Трагедијата на Мемет алармира што побрзо да се решат проблемите со добивањето лични документи

Сподели:

 

На дваесетгодишна возраст почина Мемет Камбер, продавач на „Лице в лице“. Неговото прво влегување во болница било и последно. Тој починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Сериозноста на неговата здравствената состојба траела подолго време, но, Мемет немал можност да оди на прегледи затоа што немал здравствена книшка која ќе му овозможела лекување и нега. Задоцнетата документација за идентитет, личната карта, ги ставила на „почек“ сите негови потреби, услуги на кои имал право како секој граѓанин, ги прекина сите негови младешки планови.

Иако Мемет имал извод од Матичната книга на родените, не успеал да добие лична карта и според Фондот за здравствено осигурување, во таков случај – „овие лица не можат да се стекнат со статус на осигурено лице“.

Веста за згаснување на еден млад живот кој се најде во правните лавиринти на државата е уште еден доказ за итната потреба од решавање на проблемот со добивање на државјанство и упис во матичната книга на родени.

Државјанстовото ја претствува правната врска на едно лице со државата , од кои пак се црпат правата и обврските. Остварување на основните човекови права не смееат да бидат привилегија во една држава, а државата пак има обрска да овозможи остварување на овие права на секој човек, согласно магунардните стандарди и европските документи на кој како демократска држава сме обврзани.

Досегашните напори на државата за упис на овие луѓе не е доволна. Имено, објавувањето на јавниот повик за упис во матична книга на родени во 2018 и 2019 година и донесувањето на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени беа сепак привремени решенија со цел да се олесни пристапот до одредени права. Сепак немањето на сеопфатна стратегија, тромавоста на институциите и недоволната информараност на граѓаните за постапките за упис во книгата на родените, резултира со недоволен број на уписи на лица кои се без државјанство.

Продолжената примена на овој ad hoc закон до 30.06.2022 година, треба да овозможи ефективно и навремено евидентирање на засегнатите луѓе за да имаат непречен пристап до јавните услуги. Едноставно, треба да се даде шанса на постојното законско регулирање и до истекот на рокот на 05.06.2021 година предвиден во Законот за странците и по истекот на рокот на 30.06.2022 година, предвиден во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. Дополнително, потребна е едноставна и олеснета постапка за добивање на лични документи.

Потребно е итно системско и стратешко решение за овие луѓе, кое ќе опфати работа на терен и помош на лицата кои не се запишани во матичната книга на родени, кои немаат лични документи и државјанство за да се одбегнат трагичните исходи како во случајот на младиот Мемет Камбер, кој, ако сепак излезеше од болница, опоравен и со нова шанса за живот, ќе беше пред нов предизвик – како да го плати болничкиот престој како ,,странец” во сопствената земја.

Случајот на Мемет не е единствен, има уште многу наши сограѓани кои се невидливи за правниот систем, без единствен матичен број и без пристап до основните човекови слободи и права.

 

Сподели: