Град Скопје: Отворање на првиот PUMPTRACK во Скопје

Сподели

 

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите од вечер ќе можат да ги покажат своите вештини на новата адреналинска патека во центарот на Скопје, пред Олимпискиот базен.

 

 

Покрај големиот полигон, има и мал полигон што е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички.

Денеска ќе биде поставен и штанд за бесплатно изнајмување велосипеди и опрема за сите оние што сакаат да ја возат новата патека и да уживаат во адреналинското возење.

 

 

„Pumptrack“ полигонот е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати -соопштуваат од Град Скопје.