Град Скопје повторно ќе прска против комарци

Сподели

 

Утре на 14.август и во недела, во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против комарци, информираат од Град Скопје.

Терестричната дезинсекција против комарци, пак, ќе се одвива од 16.08.2021 година (понеделник) до 20.08.2021 година (петок), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.