Вести Македонија Ударни вести

Градинката „Пролет“ во Општина Карпош ќе користи нов, еколошки систем на греење и ладење на системот „воздух – вода“

 

Со промената на системот на греење и напуштањето на нафтата, драстично ќе се намали нивото на ПМ10 честички во воздухот и емисијата на штетни гасови. Промената обезбедува замена на околу 16 тони нафта на годишно ниво со обновлив извор на енергија, што ќе значи 11 килограми помалку присуство на ПМ10 честички и намалена емисија на СО2 во воздухот.

 

Стариот систем на греење

 

Елиминирањето на изворите на загадување и промената на системите за загревање на јавните установи и институции е еден од клучните предуслови за почист воздух и системско решавање на проблемот со аерозагадување.

 

Нов систем на греење

 

Дополнително, заштедите на објектот ќе се движат од 55 – 65 отсто во однос на досегашниот систем на греење со нафта. Исто така, предвидено е автоматско управување и контрола на системот, кој ќе користи евтина ноќна тарифа, одлука која е донесена од оваа Влада.

Со ова ќе се овозможи и создаде топол и удобен престој на децата  во текот на целиот ден, додека во летниот период истиот систем ќе се користи и за ладење, со што ќе се заштеди струја од системот на инвертори што сега се користат во просториите на градинката.

Општина Карпош со поддршка од Планот за чист воздух, во вредност од 55.000 евра, го отстрани и последниот потенцијален загадувач во урбаното јадро, имајќи предвид дека сите други градинки се приклучени на централниот систем на греење.

 

 

Во изминатиот период, во рамки на Планот се променија и прозорците и вратите на градинката „Мајски цвет“, во УЗ „Владо Тасевски“, со цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот и да се заштедат средства за електрична енергија.

Планот за чист воздух е план кој овозможува еколошка заштита и економска заштеда.

 

Сподели: