Градоначалникот Арбен Таравари потпиша Меморандум за разбирање со УНДП

Сподели

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска во својот кабинет ги пречека претставниците на УНДП и УНФПА.

На состанокот беше потпишан Меморандум за разбирање со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), агенција за помош на Обединетите нации и со УНФПА (Фонд за население на Обединетите нации).

Целта на овој потпишан Меморандум е да се обезбеди рамка за неексклузивна соработка и да ја олесни и зајакне соработката помеѓу општина Гостивар и УНДП во области од заемен интерес како што се унапредувањето на младинското учество во младинските политики и локалното донесување одлуки, поддршка во развојот на младински чувствителни политики, развој и промовирање на конструктивен наратив кај младата популација како и формирање и развој на општински младински совети.

Oвој Меморандум има цел да ја ограничи миграцијата и да се задржат младите во земјава, додека градоначалникот Арбен Таравари на средбата истакна дека овие соработки, покрај на локално ниво, треба да се реализираат и на централно ниво за младите да имаат активна улога во донесувањето на одлуки и учеството на во младинските политики.