ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 22 степени.

Во Скопје слично време, со максимална температура до 17 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо време, во сабота ќе биде сончево со мала облачност, додека во недела ќе има врнежи од дожд.