Градоначалникот Висар Ганиу на средба со шампионката во атлетика Дрита Ислами

Сподели

 

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска се сретна со шампионката во атлетика Дрита Ислами, која пред неколку денови го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки, постигнувајќи најдобро време со 58.66 секунди и освои 1061 поен во Светската атлетска федерација.

Дрита триумфираше во конкуренција со најдобрите спортисти од сите клубови во Северна Македонија.

На младата шампионка од Скопје, Ганиу и посака уште поголеми успеси, со надеж дека нејзиното име ќе биде на првото место и во други натпревари во светско ниво.

Дрита Ислами исто така беше учесничка во Олимписките игри во Рио де Женејро во 2016 година, додека беше учесничка и на Европските игри во Баку во 2015 година, на Светското првенство во Лондон во 2017 година, на Светските универзитетски игри во Тајван во 2017 година, на Медитеранските игри Тарагона во 2018 година, учесничка на Европското првенство во Берлин-2018, на Светските универзитетски игри во Неапол-2019, но и победничка на 400 метри со пречки во Купот на Лига Европа на 3-та лига во Малта 2017 година, победничка на 400 метри со пречки на 3-от Куп на Лига Европа во Скопје во 2019 година. Таа исто така 8 години по ред ја доби наградата најдобра атлетичарка во Македонија во категоријата на жени.

За време на денешниот состанок, Дрита Ислами го извести градоначалникот Ганиу дека нејзината цел е да го освои првото место на 400 метри со пречки на Европскиот куп, што ќе се одржи на Кипар на 19-20 јуни годинава, како и да го подобри државниот рекорд во истата дисциплина.

Постигнувањата како на Дрита Ислами нè прават навистина горди и претставуваат одличен пример, но и поттик за тоа како треба да се развиваат новите генерации на спортисти.