Вести Македонија Ударни вести

Градот Скопје ќе прска против комарци

Сподели:

 

Во текот на наредните неколку дена ќе се прска против комарци, според следниот план:

Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 15.07.2021 година (четврток) и на 07.2021 година (петок), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива од 18.07.2021 година (недела) до 22.07.2021 година (четврток), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, апелираат од Град Скопје.

Сподели: