Вести Македонија Ударни вести

Исклучени од сообраќај 9 технички неисправни автобуси што вршат превоз на ученици

Сподели:

 

Денеска, во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на РС Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата констатирани се 32 сообраќајни прекршоци, a девет возила се исклучени од сообраќај поради констатирани технички неисправности.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.

Сподели: