Градот смрди од полни контејнери – граѓаните не ги почитуваат термините за фрлање на отпад

Сподели

 

По многуте објави на медиумите каде што се гледаат преполни канти со отпадоци и контејнери од кои претекуваат купишта различен отпад кој неподносливо смрди од ЈП „Комунална хигиена“- Скопје излезе со соопштение.

„Како Претпријатие секогаш укажуваме на важноста од почитувањето на термините за одлагање на отпадот од страна на граѓаните, со што би се избегнале ваквите слики и ситуации. На контејнерите има налепници со наведени термини што се совпаѓаат со поминувањето на нашите возила за собирање и транспорт на отпадот. Доколку овие термини се почитуваат и отпадот се исфрла во рамките на наведените два часа, во најголемиот дел од денот контејнерите ќе бидат празни и околината чиста.

Кога станува збор за одлагањето кабаст и градежен отпад, како што е прикажано на фотографиите, ни останува уште еднаш да ги потсетиме граѓаните дека тоа претставува кршење на Законот за јавна чистота на РСМ. Градежниот отпад треба да се транспортира на депонија, додека за кабастиот нудиме решение бесплатно да се одложи во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште“, стои во рекацијата од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.