Градски воз од Драчево до Скопје за само 11 минути

Сподели:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека интензивно продолжуваат градежните активности за воспоставување на градски воз на релација Драчево кон центарот на Скопје, кој ќе овозможи значително побрз и поефикасен јавен транспорт за граѓаните.

Во рамки на проектот се врши рехабилитација на железничката делница Транспортен центар Скопје – Зелениково, во должина од околу 25 километри. Активностите опфаќаат целосна модернизација на пругата, вклучително и замена на дотраените елементи, унапредување на техничките карактеристики и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Со реализација од околу 65%, проектот веќе влегува во напредна фаза и претставува важен чекор кон воспоставување на модерен, ефикасен и еколошки јавен транспортен систем. Градскиот воз ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, скратување на времето на патување и подобрување на квалитетот на воздухот.

Градот Скопје останува посветен на развој на интегриран транспортен систем, кој ќе обезбеди поврзан и функционален јавен превоз за сите граѓани.

фото ФБ Орце Ѓорѓиевски

Сподели: