Граѓаните на ЕУ од 15 јуни ќе зборуваат слободно меѓусебно

Сподели

 

Владите и институциите во Европската унија го потпишаа конечниот договор за техничките услови за намалувањето на роаминг давачките на телекомуникациските оператори, кои плаќаат едни на други за користење на мобилни услуги во странство. Ова ќе им овозможи на  граѓаните на ЕУ да зборуваат слободно меѓусебно.

Новите правила треба да стапат во сила од 15 јуни. Тогаш ќе бидат отстранети плаќањата на сметките за мобилен телефон на патници во странство.

Договорот треба да биде изгласан и одобрен од Советот на Европската унија и на Европарламентот. Без дополнителна исплата за користење од странство ќе бидат повиците испраќање на СМС пораки и користење на интернет во рамките на Европската унија.