Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Граѓанските организации сметаат дека оданочувањето на физичките лица со ДДВ е проблематично

Сподели:

Центарот за економски анализи заедно со уште 12 други граѓански и невладини организации, сметаат дека оданочувањето на физичките лица со данок на додадена вредност (ДДВ) во постојната рамка е проблематично од неколку аспекти.

„Законот за ДДВ, ниту кој било друг закон, не дефинира што претставува самостојна стопанска дејност на физички лица.

Авторските договори не може да подлежат на ДДВ, по дефиниција. Договорите за дело, авторските договори и останатите консултантски договори за физичкото лице немаат континуитет како кај правен субјект регистриран за објавување на одредена дејност со цел остварување на профит“, велат од ЦЕИ.

Од таму предлагаат со посебен подзаконски акт да се допрецизира самостојна стопанска дејност во Законот за ДДВ и да се усогласи со другите релевантни закони.

„Јасно да се разделат авторските договори кои се надвор од опфатот на ДДВ (создавање авторски дела за „општо добро“ – по примерот на ЕУ), од оние авторски договори кои по природа се консултантски договори и кои може да бидат предмет на ДДВ цели“, препорачуваат од ЦЕИ.

Сподели: