Грковска за Локално: Сите кои имаат информации за незаконски дејства да ги пријават до институциите

Сподели

 

“Ги охрабрувам сите кои имаат информации за непријавени имоти и незаконски дејства да ги пријават веднаш до надлежните институции за постапување. Транспарентноста и обврската за пријавување на имот е исклучително важна и претставува дополнителен притисок за зголемување на свесноста и одговорноста за легално стекнување на имот, и за тоа функционерите треба да бидат пример”, вели за „Локално“ заменчиката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во врска со отворањето на аферата „Тајни имоти“ од ВМРО-ДПМНЕ, за која опозицијата тврди дека има докази за 123 актуелни функционери кои не прикажале податоци за имот вреден 30 милиони евра.

Грковска посочува дека доколку тврдењата на опозицијата се докажат како вистинити, во зависност за кои функционери од власта станува збор ќе постапат согласно нивните надлежности.

-Во зависност од тоа за какви случаи и за кои функционери станува збор, доколку подлежат на обврските од Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и другите функционери избрани од Владата, ние ќе постапиме согласно нашите надлежности, посочува таа.