Вести

Грција ги преместува бегалците од бензинските пумпи околу Идомени, затворен автопатот кај Поликастро

Сподели:

idomeni-beglaci-kampovi-premestuvanje-05

Грчката полиција од утрово почна со празнење на импровизираниот бегалски центар на бензинската станица кај Поликастро. Под надзор на околу 300 полицајци, грчките власти планираат денеска од цела Северна Грција да релоцираат во бегалските центри во Солун 1.828 бегалци, кои со месеци живеат на бензинската пумпа кај Поликастро.

Поради акцијата, затворен е делот од автопатот од и кон Солун, а полицијата ги пренасочува возилата преку Кукуш.

Акцијата за релокација на бегалците се одвива мирно, без проблеми. На бензинската има 10 автобуси кои се подготвени да ги пренесат бегалците во центрите во близина на Солун. Оваа бензинска станица на почетокот беше привремена станица за бегалците кои патуваа од Атина кон Идомени, за полека и самата да прерасне во бегалски камп.

Пристап до акцијата имаат само новинари од грчката државна телевизија и од новинската агенција АПЕ.

Акцијата ќе продолжи и утре, со празнење на бензинските станици на самиот излез на Идомени и во близина на граничниот премин Евзони, каде има околу 2.000 луѓе, кои таму се преселија од Идомени, неволни да заминат во бегалските центри.

http://meta.mk/grtsija-gi-premestuva-begaltsite-od-benzinskite-pumpi-okolu-idomeni-zatvoren-avtopatot-kaj-polikastro/

Сподели: