Грција од 5. април ги укинува ограничувањата за летовите од Македонија

Сподели

 

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопшти дека од 5. април, ги укинува рестрикциите за летови меѓу Грција и Северна Македонија, Албанија и Турција. Летовите од земјава од овој датум ќе бидат дозволени кон сите грчки аеродроми, а не само кон атинскиот аеродром како што беше случај до сега.

 

 

Во меѓувреме, Грција ги продолжува ограничувањата за воздухопловните врски во рамките на самата земја до 29 март во 6 часот наутро, со исклучок на неодложни потреби како што се патувањата од здравствени причини, за деловни цели, за враќање во постојан престој или од објективни семејни причини.

Сите патници од меѓународните летови кои влегуваат во Грција остануваат обврзани да презентираат тест на ковид-19 направен во последните 72 часа пред нивното пристигнување.

Грчката авиокомпанија „Ејжиан ерлајнс“ кон средината на февруари годинава ги обнови летовите меѓу Скопје и Атина, при што на веб-страницата на оваа компанија можат да се набават авионски билети, и покрај тоа што постојат рестрикции во форма на забрана за влез во земјата на граѓани кои не се државјани на ЕУ и Шенген зоната, вклучувајќи ги и македонските државјани.