Вести Изјави Ударни вести

Груби: Кандидат Албанец не може да победи само со поддршката од албанските партии

Сподели:

Свесни сме дека не може да победи кандидат Албанец само со поддршка од албанските партии. Победа може да донесе заеднички кандидат на двете најголеми заедници во земјава, рече пратеникот, Артан Груби, по вчерашниот Централен совет на ДУИ каде официјално беше потврдена поддршката за Стево Пендаровски како претседателски кандидат. Затоа ДУИ не ја поддржа кандидатурата на Блерим Река, зад која застанаа Алијанса за Албанците и БЕСА.

„Господинот Ахмети истакна дека тој самиот и ДУИ не постапуваат според дневни политички стандарди туку со стратегија, цел и долгорочна визија, рационално и без популизам, во корист на заедницата која ја претставува и во корист на сите граѓани“, изјави Груби, пренесе ТВ21.

Изјави, Артан Груби

Сподели: