Вести Изјави Македонија Ударни вести

Стоилковски: СДС прибегнуваат кон закани кон животот на децата на Мицкоски

Сподели:

 

Закани по животот на децата на Мицкоски во ситуација кога тој посочува на притисоци, МВР на Оливер Спасовски молчи, невладините оние до владата никаде ги нема, изјави пратеникот Стоилковски.

СДС се исплашени и нервозни, губат поддршка кај јавноста, притиснати од скандали применуваат кон закани и заплашувања, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање за заканите кои беа упатени до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Стоилковски потенцира дека заканите ниту ќе го исплашат ВМРО-ДПМНЕ, ниту ќе го замолкнат, а уште помалку ќе го поколебаат.

– Закани кон лидер на опозицијата и неговото семејство се недозволиви.  МВР мора да реагира, Оливер Спасовски не смее да се сокрива како и досега во случаи на закани, а гласност бараме и од граѓанските организации коишто беа гласни за правото и правдата и борбата со криминалот и насилството. Ова мора да има крај, истакна Стоилковски.

Сподели: