Груби за Изградбата на Коридорот 8 и 10д: Граѓаните ќе знаат секоја една исплата кога е и за што

Сподели

 

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за економија Крешник Бектеши, учествуваше на месечниот брифинг на тема „Бехтел и Енка“ – можности, предизвици и одговорности, во Стопанската комора на Северна Македонија.

На средбата се разговараше за процесот на реализација на Договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д и економските придобивки за домашната економија.

Првиот вицепремиер Груби, посочи дека од самиот почеток транспарентно јавноста е информирана за сите чекори што ги презедовме за да го извадиме овој проект од бирократските лавиринти, знаејќи го неговото големо значење за целокупниот развој на земјата.

„Досега не се исплатени средства кон фирмата изведувач. Првата исплата ќе биде авансот за почеток на градежните работи и секој исплатен денар што ќе биде од државата кон ЈПДП и потоа кон фирмата изведувач, ќе биде објавен на „Отворени финансии“. Граѓаните ќе знаат секоја една исплата кога е и за што. Што се однесува на измените на Законот за работни односи тие не значат експлоатација на работниците и нарушување на нивните права загарантирани со закон. Нема да дозволиме ниту еден работник да биде експлоатиран, на ниту еден работник нема да му биде нарушено работничкото право, затоа што законите постојат за да ги штитат граѓаните. Решен сум исто така да го предизвикам естаблишментот поставен во последните три децении и наметнатото статус кво како и да наметнам нов начин на работа и размислување. Истото го правиме во сите индустрии. Јас сум подготвен заедно да направиме економски рамковен договор. Затоа, судете сами, стиропор или автопат, вие направете ја разликата”, рече првиот вицепремиер Груби.