Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

Сподели

 

Една ипол година затвор за експремиерот Никола Груевски за предметот „Насилство во Центар“, пресуди денеска Кривичниот суд. На Груевски му се судеше во отсуство, a условна казна доби второобвинетиот Миле Јанакиески, кој доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. Условна казна добија и останатите обвинети.

Пресудата беше изречена во Кривичен суд, при што судијата ги прогласи обвинетите за виновни.

Случајот беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар. Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи рушење на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“ како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на ДУП за „Мал ринг“.