Спорт

Гвардиола го донесе првото засилување во Манчестер Сити, Гундоган е нов член на сините!

Сподели:

Илкај Гундоган си замина од Борусија Дортмунд и од следната сезона ќе игра во англиската премиер лига во тимот на новиот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

илкај

Гундоган е првото засилување за сините, а клубот го потврди, трансферот, без да објави повеќе детали.

Сити на Борусија Дортмунд и платил 27 милиони фунти, а Гундоган, поради повреда ќе го пропушти Европското првенство.

Во кариерата играл за Бохум, Нинберг и Борусија Дортмунд. Од 2011 година со Борусија освои три трофеи (Бундеслига, Куп и Суперкуп на Германија), а во 2013 година постигна гол во финалето во Лигата на шампионите, кое „милионерите“ го загубија од Баерн со 1-2.

За германската репрезентација има одиграно 16 натпревари.

The post Гвардиола го донесе првото засилување во Манчестер Сити, Гундоган е нов член на сините! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: