Хан: Работите одат во добра насока, но треба уште да се работи

Сподели

Работите одат во добра насока, но треба уште да се работи, до крајот на годината потребни се конкретни резултати во безбедносниот систем, судството и јавната администрација, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Тој ја повика опозицијата да биде конструктивно критичка за прашањата кои се од национален интерес. Премиерот Заев порача дека очекува Македонија да добие препорака за влез во ЕУ и датум за претпристапни преговори „Ние ќе испорачаме резултати,очекуваме и нивно вреднување од европските институции“, рече Заев.

Во врска со спорот за името со Грција, Заев вели дека има позитивна клима во Македонија и Грција и се надева дека ќе биде искористен моментот и конечно ќе се најде решение.