Харадинај бара од Ватикан да го признае Косово

Сподели

 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај престојува во официјална посета на Ватикан, каде што денеска се сретна со секретар Пјетро Паролин.

Како што јавува допсиникот на МИА од Приштина, по средбата Харадинај објави дека побарал од Светата столица да го признае Косово како независна држава.

-Косово е во потрага по дипломатско партнерство со Државата Ватикан и за таа цел признавањето од страна на Светата столица е важен чекор, – напиша Харадинај на својот фб профил.

Тој во својата порака ги нагласува верските слободи и евроатлантската ориентација како неприкосновени вредности на Косово.

-Косовската држава е значаен фактор на мирот и стабилноста и промотор на добрососедството. Денешната посета и официјалниот прием кај кардиналот Паролин се доказ за нашата ориентација во тој правец, на стратешко партнерство со Ватикан – изјави Харадинај.