Харадинај ја поздрави препораката на ЕК за визна либерализација за граѓаните на Косово

Сподели:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја поздрави позитивната препорака на Европската комисија за либерализација на визите за граѓаните на Косово.

Харадинај оцени дека тоа е доказ за напредокот на земјата на патот кон целосна интеграција во евроатлантските структури.

Владата на Косово изрази очекување дека оваа препорака на ЕК ќе биде поддржана и од Европскиот парламент и од Советот на министри со цел слободното движење на граѓаните на Косово во европските земји да се оствари до крајот на оваа година.

Сподели: