Вести Свет Ударни вести

Поплави во Албанија – 40 семејства се евакуирани a војската доставува храна

Сподели:

 

Албанските власти соопштија дека војници доставиле храна и вода до семејствата на северозапад на земјата, отсечени по поплавите предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена.

Министерството за одбрана наведува дека 40 семејства се евакуирани и околу 20 домови не се безбедни за живот поради оштетувања од поплавите.

Во регионите околу Драч и Скадар се поплавени 7450 хектари земјиште, уништени се неколку мостови во некои села, а има и патишта кои се блокирани поради лизгања на земјиштето. Според министерството, до неколку села може да се дојде само со воени камиони или чамци. Засега нема информации за жртви.

Властите стравуваат дека поројните дождови би можеле да создадат поголеми проблеми, а според албанскиот премиер Еди Рама следните часови ќе бидат најкритични. 

Сподели: