Хашкиот трибунал го осуди Шешељ на 10 години затвор, кои веќе ги одлежа

Сподели

Хашкиот трибунал го прогласи Воислав Шешељ за виновен и го осуди на казна затвор во времетраење од 10 години.

Воислав Шешељ нема да оди во затвор, со оглед на тоа што во притворот на Хашкиот трибунал за време на судскиот процес помина вкупно 11,5 години.

Со првостепената пресуда, судот на Хашкиот трибунал, на 31. март во 2016 година, го ослободи Шешељ по сите девет точки од обвинението, во кое се теретеше дека со говор на омраза поттикнал и поддржал воени злочини во Хрватска и Босна и Херцеговина за време на војните по распадот на Југославија.

На пресудата се жалеше Хашкото обвинителство, а Шешељ поднесе пишан одговор на жалбата.