Лавров: Блинкен е кукавица, порано замина од Скопје

Сподели

 

Голем медиумски интерес во Скопје денеска предизвика прес-конференцијата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Фокусот на новинарските прашања беше војната во Украина, а Лавров им забележа на новинарите дека не се работело за војна, упатувајќи низа критики до западот. Тој оцени дека нема причини да се слави 30 годишнината на ОБСЕ затоа што организацијата е деградирана на сите полиња, а говорите на западните министри на Самитот во Скопје се доказ дека тие не ја научиле лекцијата. Според него тенденциозна била и кратката посета на Блинкен пред почеток на самитот, пред тој да пристигне во Македонија.

“Мојот колега, државниот секретар на САД Блинкен побегна, јас не побегнав никаде. На овој настан не присуствуваа ниту украинскиот министер, ниту министрите на Полска и балтичките земји. Како што разбрав, заминаа и Блинкен и Борел. Зошто се случува ова? Тие веројатно мислат дека со тоа ја нагласуваат нивната намера да се изолира Русија. И мислам дека тие се едноставно кукавици, се плашат од каков било искрен разговор со фактите во рака, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. 

На новинарското прашање за македонско-бугарските односи Лавров истакна: Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји. Би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави.

„Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседател на македонското собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.

По прес конференцијата, руската делегација си замина од Скопје. Самитот во Скопје беше првиот настан по почетокот на војната на кој присуствуваа и Лавров и Блинкен, но тие не се сретнаа. Ова беше оценето како пропуштена шасна да се разговора за крај на војната во Украина.