Холандија: Одредени џамии од безбедносни причини привремено затворени

Сподели

Четири големи џамии во Холандија, по оружениот напад врз џамијата во Канада, од безбедносни причини ќе бидат привремено затворени, јавува Anadolu Agency (AA).

Локалните медиуми посочуваат дека претставниците на четирите големи џамии по нападот на џамијата во Квебек одржале вонредна седница.

На состанокот е одлучено дека поради загриженост за безбедноста верниците нема да бидат во можност да ги извршуваат молитвите во џамиите во Амстердам, Ротердам, Хаг и Утрехт, во кои доаѓаат најмногу жители со потекло од Мароко.

Претставниците дадоа заедничко соопштение во коешто истакнаа дека се свесни оти џамиите секогаш треба да бидат отворени за сите, но дека тие морале да донесат ваква радикална одлука. Покрај тоа, тие изразија жалење за ваквата одлука.

Во оружен напад во Квебек, Канада, тројца напаѓачи усмртија шест, а ранија осум лица.